ВЛАДАТА СВЕТНА ВО БОИТЕ НА ИЗРАЕЛСКОТО ЗНАМЕ Недвосмислена осуда на терористичките напади
Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме. Апелираме за решенија преку дијалог, на светот му е потребен мир - напиша на Фејсук премиерот Димитар Ковачевски.
Во знак на поддршка на Израел зградата на македонската влада вечерва e осветлена во боите на израелското знаме.
Премиерот Димитар Ковачевски објави фотографија од владата во боите на израелското знаме на својот профил на Фејсбук и изрази поддршка до израелскиот народ по повод терористичките напади на Хамас врз Израел.
„Поддршка за Израел во овие тешки моменти. Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме. Апелираме за решенија преку дијалог, на светот му е потребен мир”, напиша Ковачевски.