ВЛАДАТА СТОКМИЛА НОВА КАМПАЊА ЗА ЕУ Ќе нѐ чини 350.000 евра, а ќе се лансира пред изборите

261

Владата во пресрет на изборите подготвува нова кампања во која ќе го афирмира и промовира членството во ЕУ и придобивките кои ќе ги имаат граѓаните. Кампањата ќе ги чини граѓаните 350.000 евра, објавува порталот Република, повикувајќи се на телевизијата Алфа.

Договорот е веќе потпишан пред една недела и тежи 18,5 милиони денари. Скопската фирма „Вертиго НМЕ“ треба да изработи слоган, дизајн на лого, графички стандарди, комуникациска и креативна стратегија, дизајн на билборди, промотивни видеа и видео анимации, веб банери, графички решенија за социјални мрежи, како и ПР стратегии.






Кампањата ќе ги опфати придобивките од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Македонија, преку повеќе канали на комуникација, изјавиле од Владата за Алфа ТВ.

Поврзани содржини