ВЛАДАТА СПРЕМА НОВИ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ЗА ФИРМИТЕ Бектеши вели дека на мерките се работело заедно со стопанските комори

Не само граѓаните да бидат снабдувани непречено со електрична енергија, така ќе бидат снабдувани и стопанството, со цени кои ќе бидат конкурентни не само во регионот туку и на европско ниво - изјави Бектеши.

101

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека веќе се дизајнирани нови, дополнителни мерки за помош на стопанството и тие најверојатно ќе бидат соопштени во наредните денови. На мерките, нагласи Бектеши, се работело заедно со стопанските комори.

– Се соочуваме со енергетска и економска криза. Секојдневно институциите се подготвени да им излезат во пресрет на потребите на компаниите, направивме за производителите на основните прехранбени производи, работиме на нови мерки, веќе се дизајнирани новите мерки со цел да му помогнеме повеќе на стопанството и најверојатно во наредните денови, заедно со стопанските комори, ќе излеземе со мерки каде ќе им излеземе дополнително во пресрет, имајќи ги предвид подготовките што сме ги направиле во делот на производство на електрична енергија, во делот на контактите што ги имаме со странство и не само граѓаните да бидат снабдувани непречено, така ќе бидат снабдувани и стопанството со цени кои ќе бидат конкурентни не само во регионот туку и на европско ниво – изјави Бектеши.

 

Поврзани содржини