ВЛАДАТА СПАСИЛА 60.000 РАБОТНИ МЕСТА ВО ПАНДЕМИЈАТА Ковачевски вели дека мерките функционирале

Оваа Влада две години функционира во услови на пандемија, со сите предизвици да се задржи економскиот стандард на граѓаните, што практично е потврдено и со последниот извештај на Меѓунардниот монетарен фонд, дека благодарение на тие мерки над 60.000 работни места се спасени и не се загубени. Како дел од министерството за финансии и јас учествував во креирањето на мерките, рече тој.

391

Над 60.000 работни места се спасени во последните две години откако Владата на СДСМ функционира во услови на пандемија, објасни вечерва Димитар Ковачевски, новиот претседател на партијата и премиер во најава, за ТВ Канал 5.

„Оваа Влада две години функционира во услови на пандемија, со сите предизвици да се задржи економскиот стандард на граѓаните, што практично е потврдено и со последниот извештај на Меѓунардниот монетарен фонд, дека благодарение на тие мерки над 60.000 работни места се спасени и не се загубени. Како дел од министерството за финансии и јас учествував во креирањето на мерките“, рече тој.






Ковачевски најави дека новата влада ќе преземе навремени мерки за заштита на граѓаните и семејаствата од глобалната енергетска криза, преку воведување на ваучери за сметките за електрична енергија но и други мерки, како и за помош на стопанството.

„Социјалдемократските вредноси преточени во економскиот концепт за враќање на парите кон граѓаните дадоа резултат, беше покачена минималната плата за речиси 6.000 денари, беше покачена социјалната помош за 300 отсто, порасна просечната плата. Новата Влада особено ќе се посвети на зајакнување на економскиот стандард на граѓаните“, додаде Ковачевски.

Поврзани содржини