ВЛАДАТА СЛЕДИ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЦЕНИТЕ НА ПРЕХРАНБЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ Ќе ги ограничи, ако има нивно енормно зголемување

Премиерот напомена дека се преземаат сите мерки за стандардот на граѓаните да биде квалитетен, а истовремено, истакна, и платите растат. 

80

Цените на прехранбените производи се следат и ако е потребно ќе интервенираме со нивно ограничување иако тоа не сакаме да го сториме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој оцени дека 2024 година  ќе ја завршиме со 3,5% инфлација, а годинава, како што напомена, треба да биде добра на економски план.

Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски, во однос на цените на производите, потсети и дека во земјава не беше поскапена струјата како во некои од државите на еврозоната каде поскапувањето достигна 15 до 20%, што, нагласи, влијае врз цените на крајните производи.






– Полека, но сигурно во втората половина на декември се стабилизираа цените на основните производи кои дел од трговците вештачки ги поткренаа што претставуваше голем шок и удар за граѓаните. Преку Инспекторатот внимателно ја следиме состојбата и ќе интервенираме ако е потребно, а можеме да интервенираме веднаш со ограничување на цените, но сакаме да не го употребиме тој инструмент. За разлика од еврозоната, каде поскапувањето на струјата беше 15 – 20% во некои држави, ние не ја зголемивме цената на електричната енергија која е значаен инпут и влијае врз цената на чинење на готовиот производ – истакна Мицкоски по посетата на општина Штип.

Премиерот напомена дека се преземаат сите мерки за стандардот на граѓаните да биде квалитетен, а истовремено, истакна, и платите растат.

Поврзани содржини