Владата се правда: Наградата „Гоце Делчев“ ќе се додели без церемонија, но има статуетки за добитниците

Плусинфо неофицијално дознава дека добитници на наградата се научните трудови „Интерна медицина“ од група автори, одговорен уредник проф. д-р Соња Генадиева Ставриќ и „Сите лица на речта: беседи“ од академик проф. д-р Катица Ќулавкова.

674

Постапката за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ е целосно завршена и во следните денови одлуката за избор на добитниците на наградата ќе биде објавена во Службен весник, за што е доставен и допис од страна на Министерството за образование и наука, информираат од Владата на забелешката на јавноста и новинарите дека годинава како и две години пред тоа, државната награда „Гоце Делчев“ не се додели на традиционалниот термин  4 мај.

Од Владата за Плусинфо рекоа и дека поради ситуацијата со пандемијата, нема да се одржи церемонијата на која вообичаено се доделува наградата во просториите на Собранието, но дека за сите добитници се подготвени статуетки и признанија и истите ќе им бидат доставени. Од Владата, меѓутоа не отркија кои се добитниците на ова признание за 2020 година.






Плусинфо неофицијално дознава дека добитници на наградата се научните трудови „Интерна медицина“ од група автори, одговорен уредник проф. д-р Соња Генадиева Ставриќ и „Сите лица на речта: беседи“ од академик проф. д-р Катица Ќулавкова.

Државната награда „Гоце Делчев“ не беше доделена во 2018 и 2019 година. Причина за откажување на доделувањето на оваа награда во 2018 година беше пробивањето на роковите. Во 2019 година, пак, наградата не беше доделена бидејќи, како што беше тогаш соопштено, немало доволно пари за тоа, а и мандатот на составот на Комисијата за доделување на наградата бил истечен.

Со државната награда „Гоце Делчев“ се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Македонија. Оваа награда за првпат е доделена во 1949 година кога ја добил академик Блаже Конески.

Лани на 25 декември Министерството за образование и наука го објави конкурсот за доделување на државната награда „Гоце Делчев” во 2021 година. Во конкурсот е утврдено дека таа ќе биде доделена на 4 мај, денот кога е убиен македонскиот револуционер Гоце Делчев.

 

Поврзани содржини