ВЛАДАТА „СЕ ОПРЧИ“ 3,27 МИЛИОНИ ЕВРА! Плати половина од сметките за струја на Железници и Транспорт

Македонски Железници и Транспорт имаат вкупен долг од шест милиони евра за електрична енергија, со овие средства кои ги добија од буџетот ќе го отплатат речиси половина од долгот.

167

Двесте милиони денари се ставени на располагање на Министерството за транспорт и врски за плаќање на дел од долгот на Железници и Транспорт. Оваа одлука синоќа е изгласана во Собранието на Република Северна Македонија.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во Свети Николе ијави дека станува збор за прераспределба на средства за буџетските корисници. Македонски Железници и Транспорт имаат вкупен долг од шест милиони евра за електрична енергија, со овие средства кои ги добија од буџетот ќе го отплатат речиси половина од долгот.






– Со тоа ќе продолжи грижата од страна на Владата и поддршката за ова претпријатие, кое е витално претпријатие и во време на криза да продолжи да ги врши обврските и дејноста за којашто е формирано и да продолжи со работа и во делот на товарниот и во делот на патничкиот транспорт – вели Бочварски.

Тој посочи дека долгот на македонски Железници и Транспорт варира и се менува какошто вели од ден на ден.

– Ние, можам да кажам дека само во текот на оваа година, дадовме преку 12 милиони евра поддршка на македонски Железници и Транспорт. Генерално секоја година помагаме преку обврската за субвенционирање на патничкиот превоз и таа обврска е некаде од шест и пол до седум милиони евра. Но оваа година дополнително дадовме поддршка, заради тоа што веруваме дека во време на криза преку ова претпријатие македонски Железници се внесуваат и дел од енергенсите во државта – вели Бочварски.

Поврзани содржини