ВЛАДАТА СЕ ОБИДУВА ДА ЈА ВРАТИ КОМПАНИЈАТА „РОШ“ ВО МАКЕДОНИЈА Граѓаните заслужуваат врвна здравствена услуга

Премиерот Христијан Мицкоски потенцираше дека лично е вклучен во делот на здравството и дека следниот период Владата ќе работи на подобрување на услугите, но и на условите за работа на здравствените работници.

5,676

„Се обидуваме да се вратат за да добијат и граѓаните врвна здравствена услуга по конкурентни цени“.

Вака накусо премиерот Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање околу неговата вчерашна средба со раководството на компанијата „Рош“.






– Во напредна фаза сме, станува збор за една од првите три комапнии во светот која тука не беше присутна одреден период. Конечно, се обидуваме да се вратат за да добијат и граѓаните врвна здравствена услуга по конкуренти цени. Тоа не значи дека ќе го намалиме обемот на средства што ќе се инвестират. Обемот ќе остане ист, поентата е во намалувањето што ќе го добиеме, да го зголемиме бројот на осигурениците кои бесплатно ќе ја користат таа услуга. Се обидуваме со стратегија, директно во разговори со големи гиганти и производители на лекови, да обезбедиме конкурентни ниски цени, да не биде како досега, цените да се зголемуваат, па да се празни Фондот – објасни Мицкоски.

Тој потсети дека на почетокот од мандатот, оваа Влада ја прошири позитивната листа на лекови.

– Заштедивме неколку милиони евра на граѓаните. Лично сум вклучен во делот на здравството и следниот период ќе работиме на подобрување на услугите, но и на условите за работа на здравствените работници. Почнавме темелни преговори со синдикатите. Неделава очекуваме напредок, за да излеземе, кон крајот на неделата, со уште едно решение за проблемите напластени со годините. Целта е граѓаните да добијат врвни здравствени услуги – повтори Мицкоски.

Поврзани содржини