Во врска со прашањето дали ЈП „Паркови и зеленило“ има склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата, ве информираме дека таков договор со Владата нашето претпријатие нема склучено. ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистрални улици кои се под надлежност на Град Скопје, како и Парк шумите Водно, Гази баба, СРЦ Сарај и Матка, велат од јавното претпријатие.
„Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општините, додека пак дворовите во сите институции се обврска за одржување на самата институција (било да се работи за болница, поликлиника, државна агенција, министерство, па и Влада). Во сите овие институции има општи служби кои треба да се грижат за овие прашања, или треба да склучат договор со ЈП „Паркови и зеленило“за уредување или одржување на нивните дворови, по кој договор ние понатаму би постапувале. Во случајов таков договор со Владата претпријатието нема склучено. Јавно е достапен документ за тоа кој треба да го одржува дворот на Владата и тоа за 330 илјади евра“, се наведува во соопштението од одделението за односи со јавност на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.