ВЛАДАТА СЀ УШТЕ ПРЕГОВАРА Бектеши е убеден за постигнување договор со ТЕ-ТО

Убеден сум дека ќе се најде решение. ТЕ-ТО би било поддршка и би било добро да функционира. Убеден сум дека ќе функционира, како лани кога се најавија вакви проблеми, рече Бектеши.

106

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информира дека се уште траат преговорите со ТЕ-ТО, но тој очекува, како што рече, дека ќе се најде решение.

– Во однос на парното кое треба да почне од 15 октомври се преговара со раководството на ТЕ-ТО. Убеден сум дека ќе се најде решение. ТЕ-ТО би било поддршка и би било добро да функционира. Убеден сум дека ќе функционира, како лани кога се најавија вакви проблеми – рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Стопанската комора со 10-те компании најголеми потрошувачи на електрична енергија.






Според Бектеши, јавноста ќе биде информирана во моментот кога ќе се заокружат преговорите и ако се носи некаква одлука на Влада.

Поврзани содржини