Владата разјасни: Одлуката за престанок на полицискиот час сепак стапува во сила од вечерва на полноќ!

Одлуката ќе биде објавена во Службен весник пред полноќ и со тоа сите одлуки на Владата од денешната седница стапуваат во сила во 00:00 часот, соопшти Владата.

1,435

По недоумиците до кои дојде во врска со дилемата дали престанокот на полицискиот час важи од ноќеска на полноќ или од утре на полноќ, Владата го издаде следното соопштение:

„Одлуката од денешната седница на Владата со која, почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, стапува на сила од вечерва на полноќ.






Одлуката ќе биде објавена во Службен весник пред полноќ и со тоа сите одлуки на Владата од денешната седница стапуваат во сила во 00:00 часот“.

Укината е и забраната за најмногу 100 гости на свадба, а дозволени се концерти и забави.

Попрецизно, дозволени се манифестации, концерти и забави во отворени клубови, со капацитет до 50 отсто од објектот, но не повеќе од 1.000 луѓе .

Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на коронавирус и зголемување на бројот на вакцинирани.

Поврзани содржини