Владата распиша тендер за набавка на заштитни маски
Повикот трае 24 часа односно понудите треба да бидат доставени најдоцна до 26.03.2020 година до 15.30 часот. Право на учество имаат домашни компании.
Владата распиша тендер за набавка на заштитни маски. Според огласот дневно ќе се набавуваат по 2.000 заштитни маски за повеќекратна употреба.
Повикот трае 24 часа односно понудите треба да бидат доставени најдоцна до 26.03.2020 година до 15.30 часот. Право на учество имаат домашни компании.
Во огласот се наведува дека маските треба да бидат изработени од материјал погоден за производство на заштитни маски, кој го обезбедува производителот или владата.
Според огласот испораката на заштитните марски треба да се врши за период на траење на вонредната состојба, на различни локации во Скопје;
Во условите се наведува и дека единечната цена по маска да изнесува максимум 40 денари плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал за изработка во сопственост на економскиот оператор;
Единечната цена по маска да изнесува максимум 25 денари плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал обезбеден од страна на Владата.
За материјалот од кои ќе се изработуваат заштитните маски потребно е да се поседува соодветен сертификат за квалитет издаден од страна на овластена лабораторија.
Понудите од овој повик да се достават во затворен плик, по пошта или лично до архивата на Договорниот орган на следната адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. Илинден бр.2, 1000 Скопје.
За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на телефон 02/3118-022.