Владата промовира домашен туризам со германско езеро ФОТО
„Македонската Влада одлучила да ја искористи мојата фотографија за промоција на македонскиот туризам. Но, ова е езерото Конигзе во Германија. Умирам!“, напиша Мигај на Инстаграм.
Германското езеро Конигзе е прикажано на централната фотографија на сајтот „Дома си е дома“, каде што Владата го промовира домашниот туризам и каде што пласира информации за туристичките ваучери што ќе им се делат на граѓаните со ниски примања.
Ова го откри фотографот Симон Мигај, кој на социјалната мрежа Инстаграм ја објави својата фотографија од езерото Конигзе во Германија.
„Македонската Влада одлучила да ја искористи мојата фотографија за промоција на македонскиот туризам. Но, ова е езерото Конигзе во Германија. Умирам!“, напиша Мигај на Инстаграм.
