ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО СНАБДУВАЊЕТО СО СТРУЈА Електраните ќе добијат мазут од државните резерви

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии

360

Владата на денешната редовна 138 седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во траење од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука, соопшти извршната власт.

„Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии“, соопшти Владата.

Поврзани содржини