ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ КРИЗНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ Ќе трае 30 дена

Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институциа: Армијата, полицијата, противпожарната заштита, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи, истакнаа од Владата.

1,759

Владата донела одлука за прогласување кризна состојба од 30 дена заради зголемена појава на пожари, соопшти попладнево на прес-конференција портпаролката Марија Митева.

Одлуката била донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за кооринација и управување со системот со кризи поради сложеноста на теренот и високите температури.






– Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институциа: Армијата, полицијата, противпожарната заштита, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресусрси, човечки, технички, логистички, се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението – рече Митева, додавајќи дека Владата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја, со цел спречување на поголеми последици.

Митева ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.

Поврзани содржини