ВЛАДАТА ПРОДОЛЖУВА ДА РАБОТИ ВО ПОЛН СОСТАВ Не ѝ е изгласана недоверба, објави Џафери пред полноќ

Во Собранието беа присутни само пратеници од владејачкото мнозинство, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Артан Груби, министрите Радмила Шекеринска, Горан Милевски, Нусрет Нуредини и други.

1,244

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва пред полноќ ја затвори седницата, на која беше предвидено да се гласа за (не)доверба на Владата.

– Дневниот ред не е изгласан. Поради фактот што не може да се отвори дебата, според Деловникот околу иницијативата за гласање на доверба на Владата, имајќи предвид дека надминува времето, во ваква ситуација не ни останува ништо освен да констатираме дека на Владата не ѝ е изгласана иницијативата за недоверба. Владата продолжува да работи во полниот состав. Констатирам дека седницата е завршена – рече Џафери.

 






Во Собранието беа присутни само пратеници од владејачкото мнозинство, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Артан Груби, министрите Радмила Шекеринска, Горан Милевски, Нусрет Нуредини и други.

Претходно потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели, ја прекина седницата за гласање доверба на Владата, поради немање кворум и неможност да се утврди дневниот ред.

На почетокот на седницата, денеска претпладне, присуствуваа 61 пратеник, но претседателот на Собранието Талат Џафери ја напушти седницата бидејќи, како што рече, не ја поддржува иницијативата и го повика потпретседателот на Собранието Фадил Зендели да ја води седницата. При пребројувањето беше констатирано дека на седницата присуствуваа 60 пратеници. Пратениците од владејачките партии СДСМ и ДУИ не присуствуваа во салата, а без нив и без Кастриот Реџепи од Беса кој најави дека нема да учествува на собраниската седница, опозициските пратеници заедно со уште двајцата пратеници од Беса се 60.

Според членот 95 од парламентарниот Деловник, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници, односно 61

Поврзани содржини