ВЛАДАТА СПРЕЧИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ЦЕНОВНИ ШОКОВИ Имаме план како да се справиме со кризата со енергенси, вели Митева

Така беше и оваа недела, по истекување на тие две недели, повторно на владина седница се донесоа нови мерки, со кои што се продолжи онаа прва мерка за намалување на ДДВ и воедно се донесе и намалување на акцизата, со што ние превениравме дополнителни ценовни шокови, односно поскапување на горивата со оваа одлука која што денеска ја имаше Регулаторната комисија за енергетика, вели портпаролот на Владата, Марија Митева во врска со глобалната криза со енергенси.

69

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде се осврна на владините мерки за цените на горивата, за што истакна дека кога станува збор за криза со енергенси, неопходно е да се води сметка за целокупната стабилност. Митева напомена дека е горда на Владата, затоа што, како што вели таа, навистина покажала повисоко ниво на одговорност и справување со кризата.

– Владата уште пред две недели имаше вондредна владина седница, на која што тогаш ја донесе онаа првична мерка за намалување на ДДВ од 18% на 10%. Секојдневно неколку пати во денот се одржуваа и состаноци и координации по однос на оваа тема, се со цел да ги следиме активно состојбите, за да дојдеме до конкретни мерки коишто директно ќе помогнат на граѓаните – вели Митева.






Како што вели таа, Владата превенирала дополнителни ценовни шокови, што и покрај непредвидливоста на ситуацијата, има јасен план за справување со кризата.

– Така беше и оваа недела, по истекување на тие две недели, повторно на владина седница се донесоа нови мерки, со кои што се продолжи онаа прва мерка за намалување на ДДВ и воедно се донесе и намалување на акцизата, со што ние превениравме дополнителни ценовни шокови, односно поскапување на горивата со оваа одлука која што денеска ја имаше Регулаторната комисија за енергетика. Состојбата е навистина непредидлива, се менува од ден за ден, ги следиме цените на берзите, но сме Влада која што навистина има план како да се справи со оваа ситуација – рече Митева.

Митева: За скоро две години Влада на ВМРО-ДПМНЕ во сите квартали имаше раст на БДП и поради тоа можеме да менаџираме со евентуални кризи

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде се осврна на континуираниот економски раст, како и стабилните политики на Владата, и како истата се справува со кризата поврзана со енергенсите.

– Веќе одминуваат скоро две години од мандатот, и можам да кажам дека ние сите изминати шест квартали имавме раст на БДП од 3%. Тоа донесе една подруга стабилност на оваа Влада, да може да ги менаџира евентуалните кризи коишто би настанале – кажа Митева.

Митева вели дека Владата води долгорочни економски политики со фокус на стабилност за граѓаните.

– Ништо не се случува преку ноќ, ништо не е случајно во водењето на тие политики. Ние постојано говоревме дека економијата мора да биде прироритет, дека мора да мислиме и на граѓаните и на бизнис секторот да не дозволиме да има големи потреси, така што очекувам дека и во идниот период, доколку состојбата ескалира, доколку навистина станува збор за фактори кои што не зависат од нас, ние сме спремни да реагираме како Влада соодветно и навремено – истакна Митева и додаде:

– Можеме да посведочиме и на други медиуми ширум регионот коишто ја потенцираат и зборуваат за Македонија како земја којашто во моментов ма навистина најниски цени на горивата.

Според неа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја прикажува државата во подобро светло, за што вели и дека наместо граѓаните да заминуваат надвор од границите на земјата како за време на владеењето на претходната влада, сега има зголемен прилив.

– Навистина покажавме едно подруго светло, за разлика од она како ние бевме презентирани како држава изминатите 7 години под раководство на СДСМ и ДУИ. Бевме држава која што молеше за помош и на која што секој гледаше со сожалување, имавме редици на колони на возила коишто ги напуштаа границите за да земат нешто од соседна држава, а сега имаме редици на колони коишто доаѓаат. Тоа е клучната разлика, која што ја потврдува тезата дека Владата успеа да остане стабилна во едни вакви состојби – посочи Митева.

Поврзани содржини