Владата подготвува економски мерки, кога ќе процени ќе ги помогне бизнисите

И државата и мерките се подготвени и се што треба да биде преземено овој момент ќе биде преземено, без разлика што сме во предизборна ситуација, рече Спасовски

650

Подготвуваме економски мерки и имаме на располагање пари во Буџетот и кога ќе процениме дека на одредена категорија стопанственици треба да се помогне, ќе се излезеme во пресрест, без разлика што сме пред избори, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски откако секојдневно бизнисмените се жалат на големите штети што ги предизвикува состојбата со коронавирусот и преземените мерки на владата во нивното работење.

-Точно е дека имаме на располагање финансиски средства во Буџетот, затоа и рековме дека е ликвиден. Во моментот кога ќе се процени дека треба на одредена категорија на стопанственици да се помогне да се излезе во пресрет тоа ќе го направиме. И државата и мерките се подготвени и се што треба да биде преземено овој момент ќе биде преземено, без разлика што сме во предизборна ситуација – рече Спасовски на денешната прес-конференција.






Дополнително и Македонската банка за развој  стави на располагање 5 милиони евра за помагање на бизнисот, но ја очекува реакцијатан а Антикорупциската комисија по тоа прашање.

Поврзани содржини