Владата побарала да се урнат Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза

1,591

Владата доставила барање до Општина Центар да се избришат маркичките на Порта Македонија и споменикот на Majкa Тереза, објави СДК.мк.

Засега не добивме одговор од владата дали е точна информацијата дека е доставено барање до Општина Центар од новиот детален урбанистички план „Мал ринг“ да се избришат маркичките на Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза.






Според информациите, работната група за справување со проектот „Скопје 2014“ која беше формирана од Владата на СДСМ по доаѓањето на власт во 2017 година, за овие два објекти кажа дека се дивоградби и при нивната изградба прекршени се низа закони.

Се чека одговор од Министерството за култура под чија надлежност се овие објекти, дали се согласуваат и тие со ова барање, по што ќе може да бидат тргнати од планот.

 

Поврзани содржини