ВЛАДАТА ПО СРЕДБАТА СО ПАРТНЕРИТЕ Коалицијата го потврди стабилното парламентарно мнозинство

849

Премиерот Зоран Заев денеска одржа средба со претставници на сите политички партии што го сочинуваат парламентарното мнозинство во Парламентот, кои и изразија поддршка на Владата, соопшти владината прес-служба.

 

„Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека на средбата биле сите партнери од парламентарното мнозинство.

 






Во соопштението се нагласува дека заеднички е констатирано дека на Северна Македонија и на граѓаните не им се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции.

 

„Коалициските партнери од парламентарното мнозинство се едногласни дека на Северна Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза, со јасен евроатлантски курс на дејствување“, се додава во соопштението.

Поврзани содржини