ВЛАДАТА ОСТАВА ПРОСТОР Ќе се прошири ли листата на производи со цени под мраз?

384

Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти ја донесовме со цел да нема поголемо влијание во делот на трошоците што граѓаните ги имаат, особено во време на енергетска криза, имајќи предвид дека цените на електричната енергија можат да влијаат директно и индиректно во зголемување на цените и на производството и на трговијата, било тоа да е трговија на мало или на големо, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Бектеши вели дека со донесувањето на одлуката основните прехранбени продукти, лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата да се продаваат по цените што ги имале на 1 декември, не значи дека нема да се прошири одлуката и со другите производи.






– Се зависи од податоците што ќе ги добиеме наредната недела од Заводот за статистика, овие одлуки ги носиме само во интерес на граѓаните и во интерес на нивниот животен стандард – додава Бектеши.

Прашан зошто одлуката за замрзнувањето на цените не е донесена по примерот на Србија, министерот за економија посочи дека тоа зависи од многу параметри.

– Првично репроматеријалите на одредени домашни компании кои произведуваат сончогледово масло за јадење во нашата држава главно ги увезуваат. Во делот на увезената цена не можеме ние да влијаеме зошто тие производи се произведуваат надвор од државата. Ние можеме да влијаеме во делот на маржата што ја утврдува домашната компанија во формирање на конечната цена – појасни Бектеши.

 

Поврзани содржини