Во знак на поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која за првпат се пласираше на Европското првенство, пријателскиот натпревар против Словенија ќе се одигра со 30 отсто исполнетост со публика, одлучи владата на денешната седница.
Можеби ќе ве интересира
„Членовите на Владата, на седница донесоа одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари, односно подготвителниот натпревар кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје да се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините“, наведено е во владиното соопштение.