ВЛАДАТА ОД 1 ЈАНУАРИ ЌЕ ПРЕСМЕТУВА ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА Заменик министерот Ристески откри по кои критериуми и колку категории ќе има

Понатаму планираме да се пресметуваат и други кошнички какошто е за двочлено, трочлено семејство, бидејќи оваа просечна ќе биде за најмалку за четиричлено семејство, потоа за пензионери итн. Тоа се понатаму ставови, коишто треба да ги разговараме и договараме во рамките на Економско-социјалниот совет, вели заменик министертот за еконимија и труд откривајќи дека ќе бидат земени цени од разни региони од земјата, од повеќе големи супермаркети и цени карактеристични за овошје и зеленчук за производи карактеристични за дадениот период во годината.

282

Владата од 1 јануари ќе ја пресметува просечната потрошувачка кошничка паралелно со синдикатите кои пресметуваат минимална синдикална кошничка, открива заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска при посетата на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“.

Притоа, Ристески откри дека иако пресметката е за четиричлено семејство, ќе има пресметка на просечна потрошувачка кошничка за двочлено и за трочлено семејство, кошничка на ниво на цела држава при што би биле земени предвид повеќе параметри. Меѓу нив, Ристески ги спомна цените од најголемите супермаркети, цените на основните прехрабени производи, цени од различни региони од земјата и цените на овошјето и зеленчук карактеристични за дадениот период од годината.






Воедно, на оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември.

– Една од точките ќе биде секако пресметувањето на просечната потрошувачка кошничка, којашто беше дадена на увид на синдикатите и работодавачите да ја видат, доколку ја одобрат. Од 1 јануари ќе се пресметува покрај синдикална минимална кошничка, ќе имаме и просечна потрошувачка кошничка на ниво на Република Македонија, која нас ќе ни користи како економија и Влада за понатамошни стратегии во економските политики и секако за зачувување на животниот стандард – вели Ристески.

Прашан кои параметри ќе бидат земени при пресметката на новата просечна потрошувачка кошничка, Ристески вели дека ќе се земаат цените од најголемите супер маркети.

– Па, видeте, ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони и најчесто овошјето и зеленчукот ќе биде земен она коешто е карактеристично за периодот, кога се пресметува во текот на годината, вели Ристески.

Тој додаде дека ова нема да биде единствена кошничка која  за првпат ќе се пресметува од официјална институција.

– Понатаму планираме да се пресметуваат и други кошнички какошто е за двочлено, трочлено семејство, бидејќи оваа просечна ќе биде за најмалку за четиричлено семејство, потоа за пензионери итн. Тоа се понатаму ставови, коишто треба да ги разговараме и договараме во рамките на Економско-социјалниот совет – вели Ристески.

Што се однесува за минималната плата, Ристески посочи дека Maкeдонија има постојан Закон за пресметување на минимална плата.

– Така да порамнувањето треба да се случи кон крајот на март, 31 март 2026 година. Меѓутоа ние сме секако отворени, транспарентни како Влада и Министерство за економија и труд, да ги послушаме и синдикатите и работодавачите. Доколку важи она што е предложено пред синдикатите и работодавачите, доколку се договорат за промена на постојната формула, за повисока плата, ние како Влада тоа ќе го испочитуваме. Се додека не се договорат ние имаме Закон кој мора да го почитуваме и според тој Закон според пресметките зголемувањето на минималната плата треба да изнесува од 1.700 до 2.000 денари – рече Ристески.

Поврзани содржини