ВЛАДАТА НЕ ГО МЕНУВА СТАВОТ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА Остава да ја договорат синдикатите и работодавачите

Министерката за финансии вели дека треба да се остават двете страни да донесат одлука.

139

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска останува на ставот дека Владата ќе го прифати износот на минимална плата кој ќе го договорат работодавачите и работниците.

-Не знам зошто има коментари дека сме биле во судир со синдикатите во однос на минималната плата. Бев многу јасна и кажав  – ќе се договорат работодавачите  и работниците колку едните можат да испорачаат, а колку другите можат да платат, а за нас ќе биде прифатливо сето тоа што ќе го договорат. Имаат дијалог меѓу себе и што ќе прифатат таму ние сме должни да го обезбедиме, а особено како Министерство за финансии, потенцира Димитриеска Кочоска во одговор на прашање по денешното потпишување Меморандум за соработка со Економскиот факултет во Скопје.






Не би дискутирала понатаму, додаде, да оставиме на дијалогот помеѓу двете страни.

-Што ќе договорат како министер за финансии ќе го почитувам – рече Димитриеска Кочоска.

Поврзани содржини