ВЛАДАТА НЕ Е БИТНА, ЗАД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР СТОЈАТ ДРЖАВИ Мицотакис не се плаши од нова конфортација меѓу Грција и Македонија

696

Договорите се однесуваат на држави, а не на влади, потенцираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Мега“, во однос на последните случувања во Македонија и политичките превирања во однос на Договорот од Преспа.

Мицотакис уште еднаш го повтори неговиот став дека од моментот кога договорот е ратификуван, тие ќе го спроведуваат.






-И покрај слабостите што ги посочив во договорот, никогаш никого не измамив и од почетокот кажав дека од моментот кога овој договор ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент, должен сум да го спроведам и многу внимателно да го следам неговото спроведување – рече Мицотакис.

Тој додаде дека токму со следењето на овој процес е поврзано прашањето за тоа кога во Парламентот ќе бидат донесени за ратификација трите меморандуми потпишани со Македонија.

На коментарот на новинарката дека „досега немаше проблеми во Македонија“, но и покрај тоа меморандумите не беа ставени на дневен ред, Мицотакис кусо одговори дека тоа, ќе го оценат од владата во соодветно време.

Поврзани содржини