На новинарите и на фоторепортерот на Република, на Пресинг и на Курир, Владата не им дозволува пристап на утрешното одбележување на роденденот на Гоце Делчев, информираат од трите редакции.
„Доцна попладнево, по 18 часот, од владината прес-служба простигна одговор на барањата за акредитација за утрешното чествување на Гоце Делчев. Иако новинарите и фоторепортерот уредно и во предвидениот рок поднесоа барање за акредитација, попладнево добија сувопарна порака од Владата дека барањата не се одобрени. Во мејлот од Владата нема никакво образложение зошто се одбиени“, наведува Република.
Од Курир велат дека ова е класичен обид за цензура врз медиум.
„Според нашите информации, ваков одговор добиле и други медиуми кои власта очигледно се обидува да ги остави со „врзани раце“! Дополнително е скандалозно тоа што одговорот за одбивање го добиваме доцна попладнево, за настан закажан за утре“, реагира Курир.