ВЛАДАТА НА САД МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ПАРИ Нема договор меѓу демократите и Трамп за буџетот
Денеска до полноќ Конгресот треба да усвои буџет или привремен буџет, во спротивно ќе биде блокирана федералната влада, голем број федерални служби ќе престанат да работат, а стотици илјади вработени технички би биле невработени, а нема да се исплаќаат и социјалните бенефиции.
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс изјави дека Владата на САД ќе престане да функционира поради недостиг на договор помеѓу републиканците и демократите.
– Мислам дека се движиме кон запирање на работата, бидејќи демократите нема да постапат правилно. Се надевам дека ќе го сменат мислењето, но ќе видиме – посочи Венс.
Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер изјави дека за време на состанокот, демократските пратеници му ги презентирале на претседателот Доналд Трамп прашањата за здравствената заштита.
Демократите тврдат дека секој договор за продолжување на рокот мора да ги зачува здравствени бенефиции, додека републиканците инсистираат дека здравствената заштита и финансирањето на Владата треба да се третираат како посебни прашања.
Шумер истакна дека „имаат многу големи разлики“ помеѓу демократите и републиканците.
Денеска до полноќ Конгресот треба да усвои буџет или привремен буџет, во спротивно ќе биде блокирана федералната влада, голем број федерални служби ќе престанат да работат, а стотици илјади вработени технички би биле невработени, а нема да се исплаќаат и социјалните бенефиции.
Републиканците имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, но поради регулативите во Сенатот, тие мора да преговараат со демократите.
Демократите бараат републиканците да ги вратат стотиците милијарди долари земени од здравствената заштита. Но, републиканците инсистираат да разговараат само за привремениот план од седум недели, со кој би се финансирала државата до крајот на ноември.