Владата му предлага на Собранието кризна состојба до 31 декември
Европскиот број 112 за итни повици ќе важи и во Македонија.
Владата на денешната седница му предлага на Собранието да одобри продолжување на рокот за постоење на кризната состојба до 31 декември 2021 година.
На оваа седница утврден е текстот на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи кој предвидува усогласување со реализацијата на проектот и започнатата имплементација на eвропскиот број за итни повици во Република Северна Македонија, E-112.
Имплементацијата на овој проект, како што велат, има за цел ефикасен и целосен одговор при повик-јавување во случај на ризици, опасности или други несреќи на целата територија на републиката за итно давање и пружање на помош на повикувачот или реакција во врска со пријавена опасност, од страна на Центарот за управување со кризи.