ВЛАДАТА МУ ДАЛА ДРЖАВЈАНСТВО, ВЛАДАТА НЕКА МУ ГО ОДЗЕМЕ Спасовски го доставил извешатајот за Онишченко до Собранието

Постапката за одземање на државјанството е од органот што го издава државјанството и тоа е во рамките на Владата. По однос на извештајот подготвен е извештајот и доставен до Собранието за тоа што се случило и се преземаат понатаму мерки во тој дел, посочи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

375

Извештајот на Министерството за внатрешни работи во врска со преносот на затворената седница во Собранието на која директорот на АНБ Виктор Димовски даваше отчет за случајот „Онишченко” е подготвен и доставен до Собранието, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање по посетата на СВР Скопје.

– Постапката за одземање на државјанството е од органот што го издава државјанството и тоа е во рамките на Владата. По однос на извештајот подготвен е извештајот и доставен до Собранието за тоа што се случило и се преземаат понатаму мерки во тој дел – посочи Спасовски.






Инаку, затворената седница на која Димовски презентираше доверливи документи, се емитувала во живо на Јутјуб на Собранискиот канал, по што собранискиот спикер Талат Џафери побара да се испита случајот.

Поврзани содржини