ВЛАДАТА МНОГУ СКОРО ЌЕ ДОНЕСЕ НОВИ ТАРГЕТИРАНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ Мицкоски вели дека се прави детална анализа што ја зголемува инфлацијата
Мицкоски рече дека инфлацијата засега е во рамките на очекуваните проекции и се надева дека до крајот на годината ќе се оствари планот за намалена инфлација.
Премиерот Христијан Мицкоски најави нови мерки за регулирање на цените и намалување на инфлацијата многу скоро од денеска, откaко Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во јуни е зголемена за 4,5% на годишно ниво, а цените на мало за се згоглемиле за 3,7%.
Мицкоски рече дека мерките ќе бидат таргетирани и нема да бидат мерки кои ќе донесат стихија.
Тој рече дека, се анализира што придонело за зголемување на инфлацијата во овој месец и посочи дека веројатно изворот на ова е базичната инфлација.
-Ќе треба да направиме детална анализа на базилната инфлација и инфлацијата на ниво на услуги и многу скоро од денеска ќе донесеме нови мерки за растот на цените. Контакирав со повеќе економски експерти и тие велат дека можеби во делот од производите кои ја креираат оваа инфлацијата, можеби во оној однос на добавувачи и трговци маркети не е толку зголемено колку делот на базичната инфлација кај услугите.Шро занчи треба да се направи детална анализа пред да се донесат новите мерки. – рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека инфлацијата засега е во рамките на очекуваните проекции и се надева дека до крајот на годината ќе се оствари планот за намалена инфлација.