ВЛАДАТА ИСПЛАТИЛА НАД 9 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ СУБВЕНЦИИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО Мицкоски вели дека извозот пораснал 5% во првиот квартал од годината

Беше распишан Јавен повик кој се однесува на Мерката 112 - „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност" каде се доставени 254 апликации, обзнани премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на трибина на партијата во Струмица.

906

„За помалку од една година исплативме повеќе од 9 милијарди денари субвенции. Направивме распределба на земјоделско земјиште. Имаме раст на извозот во првиот квартал од 5%. Вкупно се вклучени 2.109 договори на околу 6 илјади хектари.

Беше распишан Јавен повик кој се однесува на Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност” каде се доставени 254 апликации“.






Вака истакна премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна”.

– Наследивме држава со нарушени институции. Со систем што одамна престанал да служи на граѓанинот. Со здравство каде пациентот чека, а не добива. Со администрација што не одговара, туку молчи. Со образование што доцни со светот. Со правосудство во кое повеќе никој не веруваше. Со генерации што си заминуваа од својата земја, не од лошо, туку од безнадежност. Тоа беше, за жал, Македонија што ја затекнавме. Но, тоа не е Македонија што ја прифативме.Не дозволивме тишината да победи. Не дозволивме безнадежноста да стане стандард. Не дозволивме да продолжи поразот. – рече премиерот во почетокот на своето обраќање.

Тој вели дека владата избрала да почне одново, од темел.

Освен за сработеното во земјоделието Мицкоски зборуваше и за други планови на владата. Премиерот најави дека ќе се воведе ново правило во државната администрација со кое граѓаните ќе добијат одговор од институциите во рок од 5 дена со што, како што вели Мицкоски, ќе ѝ се стави крај на ароганцијата во бирократијата.

Меѓу другото, тој најави дека во образованието ќе се воведе за изучување на вештачка интелигенција со кој генерациите ќе бидат подготвени за иднината.

 

Поврзани содржини