ВЛАДАТА ИМА РЕЧИСИ ДВОТРЕТИНСКА ПОДДРШКА ВО СОБРАНИЕТО Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека поделбите во Вреди не влијаат на стабилноста
Ние неколкупати сме кажале дека мнозинството неофицијално брои две-третини односно над 80 пратеници. Јас ве уверувам дека и покрај таа ситуација, доколку стане актуелна се случи, Владата ќе функционира сосема нормално и подобро од претходно - одговори пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање.
Владата ќе работи нормално и ќе има скоро двотретинска поддршка во Собранието. Ваков е коментарот на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ, на новинарско прашање за изјавата на Халил Снопче од Алијанса на Албанците на Арбен Таравари кој рече дека ако нивната партија е надвор од Владата, неминовно доаѓа до прашањето за нови парламентарни избори.
– Ние неколкупати сме кажале дека мнозинството неофицијално брои две-третини односно над 80 пратеници. Јас ве уверувам дека и покрај таа ситуација, доколку стане актуелна се случи, Владата ќе функционира сосема нормално и подобро од претходно. Ние сме подготвени во секој момент на предвремени избори, но таквите нема да ги има заедно со локалните – одговори Стојановски на новинарско прашање.
Тој рече дека нема да го поддржи предлогот на СДСМ да се поднесе предлог-закон за поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани.
– Она коешто е индикативно е зошто Венко Филипче сега овој момент предлага таков закон за помош на овие луѓе, а не предлагаат таков закон за оние лица коишто го загубија животот во пожарот на модуларната болница, оние лица коишто ги загубија своите животи во трагедиите во Ласкарци и Бугарија. Така да одговорот на ова прашање е јасен семејствата на починатите и на повредените целосно ќе имаат поддршка од владата – рече Стојаноски.
Според него, Владата којашто е предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги дуплира или трикратно ќе ги зголеми средствата на коишто се одвојуваат за сите општини во Македонија, со цел да помогне на општината Кочани.
– Паралелно со тоа се водат преговори со повеќе инвеститори уште имаат донесено одлука да инвестираат во Република Македонија своите капацитети да ги изградат во индустриската зона во Кочани. Сакам да потсетам дека Владата ги покрива трошоците на оние коишто се лекуваат во странство, но ќе продолжи да ги помага и тие коишто се повредени, но и семејствата на починатите – рече Стојаноски на прес-конферецијата по денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.