ВЛАДАТА ИМА ОБВРСКА ДА КАЖЕ ДАЛИ Е ПОТПИШАН ДОГОВОР СО ЧЕРЕПОТ Наумовски прашува зошто молчат сите инволвирани, па и обвинителството

По две години неуспешни обиди да го сменат законот за игри на среќа, Груби со владин потпис одобрува на Државна лотарија, каде директор е негов личен шеф на кабинет, човек од доверба, за три нови лиценци фирми за коцкање, фирми во ортаклук со Македонија – рече Стоилковски.

316

Сè уште молчат Владата, Државна Лотарија, но и надлежните институции и јавното обвинителство дали веќе е склучен договор со кој Македонија ќе стане партнер со бугарскиот коцкарски могул и мафијаш Васил Божков – Черепот, иако одговорот на тоа прашање е од јавен интерес – рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Сè уште молчат Владата и Артан Груби, молчи и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами, шефот на кабинет на Груби, за скандалот, можноста Македонија да биде 15 години партнер со најголемиот бугарски мафијаш, притворен, човек со докази за контакти со Пригожин, човекот на Путин според бугарскиот обвинител, Македонија да ја направат партнер со човек ставен од црната листа на САД поради криминал, корупција, подмитување министри и функционери, за да му поминуваат законите за коцкање во Бугарија – рече Стоилковски.






Тој рече дека најзагрижувачки е тоа што молчат и надлежните институции како Јавното обвинителство и наброја неколку факти кои досега се познати и неспорни.

– По две години неуспешни обиди да го сменат Законот за игри на среќа, Груби со владин потпис ѝодобрува на Државна лотарија, каде директор е негов човек од доверба, да издаде три нови лиценци на фирми за коцкање, фирми во ортаклук со Македонија.

– Лотарија на Македонија објавува оглас на 11 септември со важење до 23 октомври! И во тој оглас се прави фоторобот на посакуваната коцкарница – да е странска, присутна на Балканот, да работи 8 години, да направила огромен капитал од онлајн коцкање. Според овој убаво скоцкан оглас, сè упатува на бугарскиот коцкарски могул Васил Божков – Черепот.

– Божков и дури 58 негови фирми и фирми поврзани со него, од 2021 година се ставени на црната листа на САД. Како најпознати коцкарници на интернет се 7777. бг односно 8888. бг и од 2021 година одат во рацете на друг, според пишувањето на бугарските медиуми, човек близок на Божков, кој пак избега во Дубаи. Ова е информација од декември 2021 година, додека сега годинава, летово кога се враќа назад и е во притвор во Бугарија, тој ги презема повторно фирмите – рече Стоилковски.

Тој уште еднаш нагласи дека е од јавен интерес Лотарија и институциите да одговорат дали веќе е склучен договор со фирма која е поврзана со Васил Божков Черепот.

– Дали притисокот на Артан Груби и ДУИ за Законот за игри на среќа, да се промени Законот за игри на среќа, дали зад нивната огромна заинтересираност за него, постои и можност за огромна корупција, однапред договорен влез на фирмата, легализирано со можеби формален оглас сега од Лотарија на Македонија – праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини