ВЛАДАТА ИМА ДОВОЛНО МНОЗИНСТВО И БЕЗ ТАРАВАРИ Коалицијата Вреди претставува 107.000 албански гласови, а не партии

Свесни сме за политичката игра на ДУИ, која од жед за моќ и од страв од правда, се стреми кон Пржинска влада, но тоа е невозможно и никогаш нема да се случи, соопшти коалицијата Вреди.

115

Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните, соопшти коалицијата Вреди.

„Вреди е таму во име на 107.000 албански гласови, а не во име на која било партија или конкретно име. Ние ги претставуваме не само тие 107.000 гласачи, туку и политичката програма за борба против корупцијата што ја поддржаа тие гласачи. Затоа, Вреди останува посветена на исполнување на своите ветувања и на претставување на Албанците“, соопшти коалицијата.






Свесни сме за политичката игра на ДУИ, која од жед за моќ и страв од правда, се стреми кон Пржинска влада, но тоа е невозможно и никогаш нема да се случи, се додава во соопштението.

„За нас е необјасниво зошто Арбен Таравари стана дел од оваа игра на Али Ахмети за да се спаси себеси и своето семејство. Сепак, Вреди сака да ја информира јавноста дека единствените избори што ќе се одржат се локални избори, на кои ќе донесеме промени и конечно ќе го победиме криминалот, корупцијата и неспособноста на ДУИ и нејзините функционери во текот на изминатите 23 години“, соопшти Вреди.

Соопштението е реакција на одлуката на Арбен Таравари да излезе со посебни советнички листи на претстојните локални избори, по што премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека крилото на Алијанса на Албанците излегува од Владата.

По овие одлуки, главна политичка тема е колку пратеника ќе има партијата на Таравари во Собранието.

МИЦКОСКИ ГО КАНИ ТАРАВАРИ НА „СИКТЕР КАФЕ“ Лидерот на Алијанса за Албанците одлучил да замине во прегратките на Ахмети

Поврзани содржини