Владата и тајните хоРорарци: Фали ме усто, оти ќе те раскинам!?
Ги погледнав списоците од тајните хоРораци. По форма (должина) и по структура. Ова е неверојатен скандал. Јас ви велам и мегународен скандал. Или, барем, билатерален - живи били, па видели!
Не е ниту lapsus linguae, ниту lapsus calami!
Тоа е вистински хорор, тоа се вистински хоРораци!
Да беше жив другарот Sинго, ќе ги прашаше: Кој ви го ова направи, другарки и другари!?
Сами си ги направивме, сами си го баравме. Сами си извикувавме: Фали ме усто, оти ќе те раскинам!?
Како во охридската староградска песна: Сам си свири Џоџе, сам си пее!.
Кој црн ѓавол, ја тера владата, самата да си пука во нога, самата да му ја мести топката на противникот на пеналтикот!?
Ги погледнав списоците од тајните хоРораци. По форма (должина) и по структура. Ова е неверојатен скандал. Јас ви велам и мегународен скандал. Или, барем, билатерален – живи били, па видели!
Малку историја, или, барем, сеќавање.
Кога во 2002 година ги поразивме забеганите „душмани“ – војводите (сами си се поразија!), владиниот ресор за информирање (министерство, па агенција), Владата (втората на Црвенкоски) реши да го укине. Владата на СДСМ. Образложение: Само уште Северна Кореја има министерство на вистината!. Министерот воен, Јован Манасивески, застана на чело на борбената колоната. И би така: половината од министерството (агенцијата) заминаа во владината прес-служба, половината во комисијата за пристап до информации од јавен карактер.
Кога, пред 5-6 години, „душманите“ повторно се самопоразија (на крилата на скандалите – исти како овие денешниве!), истиот СДСМ – за да му „учини” на еден наш колега, измисли ново министерство за отчетност и транспарентност! Истото она што го девастиравме, само малку поголемо!
Денеска гледаме дека имало уште еден паралелен ресор, таен, многу поброен од нашето уништено министерство, односно од Агенцијата за информации на Република Македонија!
Никој не кажува каде се лугето од Министерството за отчетност и транспарентност на колегата Поповски. Не знаеме ниту тој каде е. Дополнително, знаеме дека во Генералниот секретаријат имало ангажирано преку 200 лица!
Може ли некој да ја собере на едно место оваа армија од 400-500 луѓе и што тие прават?
Не прават ништо, само си пречат едни на други, се препинаат, мегусебно се сопнуваат!
Дали може поинаку?
Јас ќе го кажам моето искуство. Во еден период, маката сакаше така, да извршувам две задолженија, со два одвоени кабинета. Едниот во зградата на „Технометал” (Агенцијата) и другиот, крај Вардар: премиерот Бранко во Кабинетот на претходниот премиер Љубчо, јас во Кабинетот на сестра Доста. На компјутерот ја најдов оставката на сестра Доста до „Ангелчето“, не ја избришала.
Од персонал имав само една асистенка, а ја изигрував улогата, задачата – шеф на Канцеларијата за односи со јавност. Таква беше „шемата“, се до доагањето на другарот Игор Шема, кој беше портпарол во СДСМ. Двете задолженија си течеа нормално. До 15 часот во Агенцијата, после во Владата, од јутра до сутра. Ниту барав, ниту ми даваа хоРораче!
Работевме и ноќе. Ако премиерот требаше да има средби со историчари (да речеме, претстои Илинеден и говор во Крушево), ноќта ќе соберевме историчари, филозофи – некои уште се живи. Ако стануваше збор за нешто од културата, тогаш – културњаци. Тоа не се објавуваше во јавност.
Паралено , требаше да се одработи задачата за (веќе знаете!) “некои прашања што не заслужуваа одговор!?”. Референдумот, демек, за интерно територијално разграничување (строго внимававме да не се користи терминот – поделба!), да не успее. Тогаш на терен со камерманот на Сител (и Драган Попоски) кај охридскиот комшија, тогашниот претседател на МАНУ. Тежи неговиот збор, нели!?
Требаше да се организира првото јавно појавување на двајцата коалициски партнери (Бранко и Али) од Владата Guns N’ Roses! Тогаш две седмици на терен, во организциски подготовки во Дебар. Ако веќе мој беше изборот на градот, тогаш требаше и да се одработи, се до специјален лет до Охрид на мадам Беатриче од Виена, газдарицата на Кнауф. Не е играчка, работата треба да изгледa „работна посета на Кнауф”!
Требаше да се организира прес-конференција во Софија. Не била каква, туку брифинг со газдите на медиумите.Тогаш, неколку дена претходно – во столицата! Tаму и ми заврши романсата со претпоставените!
Нејсе! Сето тоа се работеше без денар надоместок, без денар – хонорар. Ниту јавен, ниту таен.Ниту за мене, ниту за другите од екипата. Сите имавме плати на јавните работни места, и – тоа е тоа.
А кои бевме сите ние во ПР-тимот? Уште тогашниот директор на МИА, неколкумина одбрани новинари и официјалниот портпарол на Владата. Толку.
Како можеше сето тоа да функционира, а работата да не трпи? Како можеше да се спроведат толку клучни акции, а не само денешно пискарање по Фејсбук и Твитер, од дома – во пижами?
Едноставно е, другари и другарки: мала чета, ама одабранa!Не се препинавме еден со друг, не си пречевме еден на друг. Сите бевме координирани и (нематеријално) мотивирани.
Кој не верува, нека ги праша: премиерот тогашен, шефицата на Кабинетот тогашна, денешната потпретседателка на Владата другарката Рада, другар ми Оливер…
Сите се сполајму НЕМУ, здрави и живи, и – да ги поживее!