ВЛАДАТА ГО УСВОИ СТРАТЕШКИОТ ДОГОВОР СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Потписот ќе биде ставен в четврток во Лондон

Во составот на тимот за потпишување на договорот покрај вицепремиерот Александар Николоски ќе бидат и министерите за животна средина Изет Меџиити, за образование Весна Јаневска, како и директорот на Железници инфраструктура Синиша Ивановски.

196

В четврток ќе биде потпишан договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој информира дека веќе е примена и покана од британската влада, а Владата денеска го усвоила договорот и го утврдила составот на делегацијата за потпишување.

Во составот на тимот за потпишување на договорот покрај Николоски ќе бидат и министерите за животна средина Изет Меџити, за образование Весна Јаневска, како и директорот на Железници инфраструктура Синиша Ивановски.






Делегацијата ќе има дводневна посета на која ќе оствари повеќе средби.

– Владата на Обединетото Кралство става на располагање 6 милијарди евра за реализација на проекти во Македонија. Ова ќе биде проектно финансирање и исклучиво со реализација на проекти. Влегуваме во партнерство со ОК, клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападна држава која ги почитува евроатлантските вредности. Целта на договорот е да воспостави партнерство за реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација – рече на прес-конференција во Владата вицепремиерот Николоски.

Тој информира дека соработката ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и националните политики на двете земји, а покрај веќе објавените проекти во инфраструктурата и здравството ќе се разменуваат знаења и практики во повеќе области.

Николоски најави дека владината делегација во Лондон ќе има средби и со министрите за внатрешни работи и за одбрана на Обединетото Кралство, како и со раководството на „Рајан ер“ од која, како што рече, очекува да произлезат и нови летови кон Скопје.

Договорот потоа ќе биде ратификуван во собранието, по што ќе почне финансирањето на проектите, кои како што рече Николоски, веќе се подготвени.

– Условите за враќање и каматните стапки ќе бидат поповолни од било кое задолжување на земјава во странство – рече Николоски.

Тој рече дека средствата се неограничено важење, а договорот Влада-Влада ќе важи 10 години.

Првичната рамка е од 2,2 милијарди евра. Пругаата Табановце-Гевгелија ќе чини околу 2 милијарди евра, додека останатите 5 проекти во здравството и образованието ќе чинат 200 милиони евра.

Николоски појасни дека грејс периодот е врзан со завршување на проектот, односно грејс периодот почнува со завршување на проектот. Можно е да се движи каматната стапка под стапката на инфлација.

Поврзани содржини