ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО Генерал-мајор Зоран Јовановски е именуван за нов управител на Казнено-поправниот дом

Во својата професионална кариера Јовановски поминал обуки во полициската академија во Луизијана, САД, поминал обуки во Германија, бил на обука организирана од министерството за правда на САД, а поминал и обуки во Турција и во Англија – соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

800

Владата на денешната седница по предлог на премиерот Димитар Ковачевски го именуваше Зоран Јовановски за нов директор на затворот Идризово, кој доаѓа на местото на Шпенд Тахири.

– Донесовме одлука за нов в.д. директор на КПУ Идризово. На мој предлог е именуван за нов директор генерал-мајор м-р Зоран Јовановски кој во текот на својата професионална кариера поминал обуки во полициската академија во Луизијана, САД, поминал обуки во Германија, бил на обука организирана од министерството за правда на САД, а поминал и обуки во Турција и во Англија – соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

Поврзани содржини