ВЛАДАТА ГО ПРОДОЛЖИ РОКОТ Кризната состојба со топлинска енергија ќе трае до 30 април

Одлуката, која ќе биде испратена на усвојување во Собранието, ќе отпочне да се применува од 17 февруари 2022 година.

507

Владата на денешната 13-та седница донесе Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Како што информира владината прес-служба, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на Министерството за економија, со оваа одлука се продолжува рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија до 30 април 2022 година.






Одлуката, која ќе биде испратена на усвојување во Собранието, ќе отпочне да се применува од 17 февруари 2022 година.

Поврзани содржини