ВЛАДАТА ГО ПОМАГА ГРАД СКОПЈЕ Груби открива дека на Арсовска ѝ се дадени пари за Качанички пат

Ги започнавме последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт за да започне и да заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот, открива Груби.

228

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ќе добие финансиска поддршка од Владата за изградбата на Качанички пат, информира првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.

Тој во објава на Фејсбук напиша дека Владата веќе наменски му доделила 3 милиони евра, од вкупната вредност од 6 милиони евра, на Град Скопје за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ или, како што е познат, Качанички пат (во Визбегово) до скопската обиколница.






– Во разговор и соработка со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која е надлежна за реализација на проектот, ги започнавме последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт за да започне и да заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот – открива Груби.

Поврзани содржини