Владата го осуди говорот на омраза и нетрпеливост на навивачките групи

Владата од Јавното обвинителство бара да делува во рамки на своите надлежности и да постапи во врска со овој случај.

232

Владата на денешната седница  донесе заклучок со кој најостро го осудува навивачкото поведение со кое се предизвикува омраза, раздор и нетрпеливост врз етничка основа. Во исто време, од Јавното обвинителство бара да делува во рамки на своите надлежности и да постапи во врска со овој случај.

Владата апелира до сите навивачки групи и до сите граѓани да се воздржат од упатување пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност или врз основа на други особини, што е казниво согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, како и согласно Кривичниот законик.






Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја одлуката на својот фејсбук профил напиша:

„Институциите не смеат да толерираат никакво поттикнување омраза и насилство по основа на расна, национална, полова, сексуална, верска или било каква друга припадност. Ние сме современо општество, еднакво општество на сите граѓани. Нашиот пат е напред, а не назад“.

Поврзани содржини