Владата го одобри договорот на „Пошта“ со Халкбанк

573

На денешната седница на Владата е донесена Одлука за давање согласност за прифаќање на конечната понуда на Халкбанк АД Скопје за склучување на Договор за соработка со АД „Пошта на Северна Македонија“.

„Владата  го одобри Договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје во име и за сметка на Халкбанк АД Скопје. Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија во својство на Собрание на акционери на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје согласно двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71% за „Пошта на Северна Македонија“ со 29% за Халкбанк АД Скопје“, се вели во информацијата од Владата.






На оваа седница Владата ја разгледала и ја усвоила Информацијата за финансиската состојба на АД „Пошта на Северна Македонија“ Скопје во услови на пандемија со ковид-19 и стопирање на финансиските услуги поради стечај на Еуростандард банка АД Скопје. Донесена е Одлука за одобрување на средства од Буџетот за 2020 година исклучиво за исплата на плати на вработените.

Поврзани содржини