ВЛАДАТА ГО ДОСТАВИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ДО СОБРАНИЕТО Документите им се поделени на сите пратеници
Владата денеска според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.
Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.