Владата ги забрани сите летови од Велика Британија и од Северна Ирска до Македонија

Летовите се укинати по препорака на Комисијата за заразни болести поради новиот вид коронавирус кој се појави во Британија, а кој се пренесува многу брзо од човек на човек. 

408

Забранети се сите авионски летови од Велика Британија до Македонија и од Северна Ирска до Македонија, соопшти Владата.

„Владата на Република Северна Македонија вечерва одржа седница на која донесе одлука за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија до крајот на 2020 година, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести. Со оваа одлука на Владата ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои влегуваат на територијата на Северна Македонија од Велика Британија и Северна Ирска преку копнен граничен премин и на граничните премини на аеродромите во Скопје и Охрид и сите ќе бидат задолжително упатени во самоизолација од 14 дена, како и да пополнат пријава за влез во државата со податоци за местото на сместување“, се вели во соопштението.






Летовите се укинати по препорака на Комисијата за заразни болести поради новиот вид коронавирус кој се појави во Британија, а кој се пренесува многу брзо од човек на човек.

Поврзани содржини