Владата ги прифати препораките, за празниците угостителите ќе работат до 18 часот

660

Премиерот Зоран Заев на прес конференција информира дека Владата ги усвоила мерките за заштита од ковид-19 предложени од Комисијата за заразни болести и дека угостителските објекти ќе работата до 18 часот, дека се забрануваат јавни собири и дека има препорака и до верските заедници за да нема собирања за претстојните верски празници.

– Ситуацијата налага акција и владата, на коа здравјето на граѓаните и е во прв план ги презема овие мерки. Алелирам да празнуваме одговорно. Ова е време кога треба да одбележиме а не да славиме особено сега кога сме на чекор од масовната вакцинација, да се издигнеме над личниот интерес Мерките не се популарни но изборот е помеѓу поединечен и траен интерес и конечен излез од пандемијата, да избереме меѓу задоволството и пррофитот  од една страна и здравјето од друга страна. – рече Заев и го промовира  мотото на кампањата „Да празнуваме одговорно“.






Тој посочи дека во борбата со справување со пандемијата секој ден сме поблиску до вакцината против ковид-19. Дека се обезбедени се 830.000 вакцини, преку ковакс ситемот, ЕУ ќе обезбеди дополнителни 100.000 вакцини,

– Штом биде достапна вакцината први ќе ја проимат лекарите, хронично болните, градинките, потоа секако ќе се вакцинираат и граѓаните. Ќе се вакцинирам и јас. Верувам во нејзината безбедност, Граѓаните треба да се спокојни државата нема да штеди за вакцините. Верувам дека ќе ја сменат целокупната слика во светот. Божиќните и новогодишните празници да ги празнуваме со пораката за надеж. Верувам дека ќе добиеме здравје која секогаш е прва желба во честитањето – рече Заев.

Поврзани содржини