Владата ги објави платите: Заев зема 87.813 денари, Спасовски – 85.113 денари, Шахпаска – 74.273 денари

Како што може да се види на листата, највисока плата зема премиерот Зоран Заев. Пресметано со неговиот работен стаж од 22 години кој е меѓу највисоките во Владата, премиерот Заев зема нето плата од 87,813 денари.

1,369

Владата на својата официјална страница ја објави листата со платите на премиерот, вицепремиерите и министрите од претходниот месец.

Како што може да се види на листата, највисока плата зема премиерот Зоран Заев. Пресметано со неговиот работен стаж од 22 години кој е меѓу највисоките во Владата, премиерот Заев зема нето плата од 87,813 денари.

На второто место е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој добива 85,113 денари личен доход, додека, пак, на третото место се најде министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која зема нето плата од 74,273 денари, а има и најдолг работен стаж од 28 години.

„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок“, објавија од Владата на Македонија.

Целата листа со висината на исплатени нето плати за месец декември 2020 година можете да ја погледнете подолу:

 

 

Поврзани содржини