ВЛАДАТА ГИ БАРА ЗАКОНСКИТЕ 6 МЕСЕЦИ ЗА НИВЕЛИРАЊЕ НА ПЛАТИТЕ Битиќи тврди дека има решение, ако има дијалог и преговори

Вицепремиерот дека е постигнат консензус за зголемување на минималната плата и договор за нивелирање на останатите плати со минималната плата и дека првпат има системско решение кое ќе овозможи зголемување на минималната плата во иднина.

115

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека усогласувањето на платите ќе се направи преку дијалог и преговори, исто онака како што беше постигнат договор меѓу социјалните партнери за зголемување на минималната плата.

Имаме период од 6 месеци, решенијата се на маса и тоа ќе се направи преку преговори, рече Битиќи.






Тој потсети дека е постигнат консензус за зголемување на минималната плата и договор за нивелирање на останатите плати со минималната плата и дека првпат има системско решение кое ќе овозможи зголемување на минималната плата во иднина.

– Се постигна договор дека ќе има и нивелирање и усогласување на минималната плата, не само во приватниот сектор, туку и во јавниот сектор. Не би било коректно како Влада да кажеме дека можеме да бараме нешто од приватниот сектор, ако ние самите не покажеме доследност во примената на законските решенија. И затоа веќе на првата владина седница откако се усвои Законот за минимална плата донесовме одлука за нивелирање на сите плати во јавниот сектор до ниво на минимална плата и имајќи го во предвид членот 8 од Законот за минимална плата рековме дека периодот на усогласување ќе биде 6 месеци. За жал, некои тоа го искористија за лошо и пред да започнеме дијалог за усогласување на платите во целиот јавен сектор, влегоа во активности коишто ги гледавме деновиве како што беше штрајкот во образованието – рече Битиќи.

 

Поврзани содржини