ВЛАДАТА ФИНАНСИРА ПРОЕКТИ И ВО ОПШТИНИ СО ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДУИ Обвинувањата за етничка нееднаквост се лажни и неконструктивни, тврди премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека улогата на ДУИ во Владата се поврзува со криминал, неработа, неспособност и со корупција, а дека нејзините обвинувања за етничка нееднаквост се погрешни. Тој наведе примери дека Владата финансирала проекти и во општини со градоначалници од ДУИ – над 6 милиони евра во Кичево, 443 милиони денари во Струга и околу 320 милиони денари во Сарај.

73

На денешниот Саем-oтчет по повод „4 години работа за тебе” се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток ги отфрли сите обвинувања за етничка нееднаквост од страна на ДУИ и истакна дека ДУИ означува криминал, неспособност и корупција, како и дека тезите се неконструктивни, со што приложи докази за финансиската поддршка од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кон општините кои ги предводат градоначалници токму од ДУИ, соопшти владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

– Нивната улога во Владата значи многу криминал, многу неработа, многу неспособност, многу корупција и сега тие ставаат знак на еднаквост помеѓу сите овие епитети коишто го има нивното учество во Владата и етничката поларизација, доколку тие не се, тогаш тоа било етничка поларизација, мислам дека таа теза им е погрешна. Еве, на пример, да речеме, ако ги гледаме бројките, ќе го споменам Кичево. Градоначалник на Кичево е Фатмир Дехари од ДУИ, во првиот повик речиси 56 милиони денари, проекти финансирани од оваа Влада, во вториот повик речиси 330 милиони денари, или вкупно 385 милиони денари за 16 проекти, тоа е повеќе од 6 милиони евра. На Струга, на пример, градоначалник е од ДУИ – господинот Рамиз Мерко којшто е на листата на санкции на САД. Во првиот повик има еден проект којшто е околу 135 милиони денари, вториот повик има 5 проекти вредни 307 милиони денари или вкупно 443 милиони денари. Сарај, во вториот повик имаме 5 проекти од блиску 320 милиони денари, коишто оваа Влада ги обезбедила за општина во којашто градоначалник е од редовите на ДУИ – објасни претседателот Мицкоски.






„Мицкоски, исто така, направи јасна разлика за време на владеењето на СДСМ и на ДУИ кои не финансирале ниту еден проект во општините каде што се градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на владејачката партија.

– Доколку одиме назад и доколку ги анализираме првите 3 години на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, дали некој од нив ќе се сети на проект којшто е финансиран од владата на СДСМ и на ДУИ, одговорот е ниеден. Повеќе од 40 општини не добија буквално ниту еден проект којшто го финансираше таа влада. Јас навистина ги отфрлам како неконструктивни пораки коишто припаѓаат на минатиот век, навистина жалам што нереформираното, криминално и коруптивно ДУИ сè уште живее во тие години и уште мисли дека со таков тип на пораки ќе придобие симпатии во јавноста, мислејќи дека ако се радикализира… Мислам дека грешат и тоа ќе го видат на локалните избори коишто ќе се случат за помалку од 2 месеца – дециден е претседателот на Владата.

Поврзани содржини