ВЛАДАТА ЌЕ ПРАВИ ПОПИШУВАЧИ ОД АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ Времено вработените да ѝ се најдат на статистика
Ова следува откако десетина дена пред почетокот на пописот, недостигаат 1.500 попишувачи.
Владата денеска донесе одлука со која ги задолжува сите министерства и органите на државната управа да ги разгледаат можностите за потребите на пописот да ги стават на располагање на Државниот завод за статистика времено вработените во овие институции, и истото им го препорача на единиците на локалната самоуправа и на институциите под нивна надлежност.
Ова следува откако десетина дена пред почетокот на пописот, недостасуваат 1.500 попишувачи.