ВЛАДАТА Е ОДГОВОРНА ЗА ЈСП, ТРОШЕШЕ НА МОРСКА ХРАНА И НА САЕМИ Советникот од Левица потсети дека во Белград „отидоа“ 400.000 евра
Додека нашите претпријатија кубурат со буџетите, вие се истрчавте да давате пари за Украина. Додека тука ви гори домот, вие одите да помогнете во комшии. Тоа нема никаква логика , подвлекува Исмаил.
„Владата е одговорна за ситуацијата со ЈСП. Додека троши за подмирување на сметки за струја на приватни лица, додека троши за оружје купено од САД – 300 милиони евра секоја година, додека троши за бифтеци, за морски плодови, за саемот во Белград, каде се шетаа владините претставници и партиски кадри на СДСМ и ДУИ, каде се потрошени дури 400.000 евра“.
Вака зборуваше Реџеп Исмаил, советник на Левица на денешната седница на Советот на Град Скопје.
– Додека нашите претпријатија кубурат со буџетите, вие се истрчавте да давате пари за Украина. Додека тука ви гори домот, вие одите да помогнете во комшии. Тоа нема никаква логика – подвлекува Исмаил и додава:
– Потоа, она што Владата го правеше со антикризните мерки каде што ги субвенционираше фирмите блиски до нив, а граѓаните немаа никаков бенефит. Ова асостојба е нотирана во последниот извештај на Европската Комисија каде што се вели дека приходот на буџетот во Македонија. Зошто? Затоа што Владата досега ги надминуваше своите ингеренции и даваше пари на страна во други општини наместо во Град Скопје – рече Исмаил, а следуваа бурни реакции во советот и општа какофонија.