ВЛАДАТА ЌЕ НАБАВИ 100 АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА Решен проблемот со паркингот на Клинички

Паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе биде запишан каако државно земјиште со што ќе може да потпише договор со Јавното претпријатие „Градски паркинг - Скопје“. За потребите на здравството треба да бидат набавени и 100 нови амбулантни возила.

2,549

Нови 100 амбулантни возила вредни 7,5 милиони евра треба да бидат набавени за македонското здравство, одлучила Владата на вчерашната седница.

„Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациенти до секундарно и терциерно ниво, подобра покриеност во урбаните и во руралните средини“, напиша министерот за здравство Азир Алиу на својот Фејсбук профил.






Алиу информираше и за другата одлука поврзана со здравствениот систем. Владата одлучи паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ да биде запишан како државно земјиште со што веќе нема правна пречка Клинички да потпише договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје“.

„Со овој договор ќе се овозможи модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање, но и воспоставување ред. Предвидуваме комплетен мониторинг на паркирањето, информативни табли и дигитален водич што ќе ги насочува граѓаните. Целта која ќе ја постигнеме ќе биде пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот клиники“, истакнува министерот Алиу.

 

Поврзани содржини